За Нас

Нашата приказна

Пилана Пљачковица повеќе од 50 години е една од водечките фирми во индустријата за производство на резана граѓа. Нејзините почетоци датираат уште од 1954 година со производство на дрвени обувки. Подоцна главна дејност на Пилана Пљачковица станува производство на резана граѓа. Потоа во 1991 година ја превзема сегашниот сопственик (наследник) ,и ја проширува дејноста со производство на мебел од масивно дрво. Од неодамна започна и со производство на високо квалитетни и уникатни производи под името – “Artumwood“.  Предводени од страста кон исклучителни материјали, супериорна изработка и квалитет, создаваме  мебел со модерен стил и уникатност.  Горди на својата традиција на квалитет и успешно работење, Пилана Пљачковица продолжува да ги следи потребите и барањата на своите клиенти.

Што Изработуваме?

Нашите производи се уникатни и варираат во изглед , затоа што секое дрво е различно и бара различен пристап, обработка и допир. Користиме епоксидна смола за полнење на секоја пукнатина или отворен чвор, така што површината е мазна и конзистентна, но сепак добиваме рустичен изглед на природна завршница.

Ние нудиме најдобра услуга во индустријата

Го имаме вашето внимание? кликнете на копчето подолу!