artumwood-table-bench-handmade-unique
artumwood-chairs-handmade
17
25
f11
previous arrow
next arrow

Нашиот рачно изработен мебел е уникатен и варира во изглед, затоа што секое дрво е различно и бара различен пристап, обработка и допир. Користиме епоксидна смола за полнење на секоја пукнатина или отворен чвор, така што површината е мазна и конзистентна, но сепак добиваме рустичен изглед на природна завршница.

Внатрешен мебел

Изработка на маси, клуб маси, полици, шкафови, скалила, кујни и друг вид на мебел изработен во комбинација на дрво, метал, МДФ и иверица.

viber_image_2025-03-30_12-28-30-553

Надворешен мебел

Изработка на надворешен мебел маси, клуб маси, сетови за седење, клупи и друг вид на мебел во комбинација на дрво и метал.

Веранди, декинзи, огради

Изработка на веранди, перголи, декинзи, огради, внатрешни и надворешни фасади.

Ви се допадна тоа што го видовте?

Епокси

Пилана Пљачковица во производството на својата специјална линија на рачно изработен мебел под името “Artumwood” користи епоксидна смола. Епоксидот на сите дрвени површини дава водоотпорен, еластичен финиш со висок сјај. Како заштитен слој, таа е идеална за проекти од дрво кои ќе бидат изложени на влага или абење.

Епоксидната смола нуди различни можности  во комбинација со дрво.

Исклучителни материјали за рачно изработен мебел...

Ироко

Ирокото е Афричко дрво, познато и како Афричко тик дрво. Се користи за разни намени: градење на бродови, подови, мебел и надворешен мебел. Трае многу долго и не му е потребно често нанесување на заштита. Ирокото комбинирано со железни или алуминиумски ногарки дава модерен индустриски, минималистички стил.

Орев

Оревот е топло дрво,богато со боја и со прекрасни годови. Силно дрво и отпорно на удари. Се полира до многу мазна површина, што ја прави идеална за изработка на мебел и резба. Фурнирот од орев е многу ценет од производителите на плакари и на автомобили. Оревот во комбинација со бела или црна епоксидна смола дава уникатен производ . Најдобар избор доколку ве привлекува ексклузивен изглед.

Бубинга

Бубингата е егзотично дрво, многу тврдо и отпорно на удари. Боите на бубингата знаат да магепсаат. Отпорно е на сите штеточини. Поради сите овие квалитети се користи за мебел, музички инструменти, правење фурнир и секако декорација.

Даб

Дабово дрво е силно, тешко и издржливо. Има атрактивна светло сина боја со убави годови.